СТЈЕПАНОВИЌ И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ВРАТИ ВО СВОЕТО ЃОРЧЕ

„Лавовите" се пофалија со Остоја!

Македонија ЃП го промовираше своето најголемо зимско засилување..„Се вратив дома, со Вардар освојував титули, со Работнички играв во Европа, сега сакам трофеј во Купот и настап во Европа и со Македонија ЃП" ни изјави Остоја Стјепановиќ

објавено: 11 февруари 2019 - 14:29

И официјално Остоја Стјепановиќ се врати дома, се врати во својот матичен клуб, се врати во своето Ѓорче. Она што „Спортмедиа" го најави ексклузивно уште пред месец и повеќе, денеска и се официјализира. Македонија ЃП се пофали со својот нов играч и го промовираше како свое најголемо зимско засилување во пресрет на пролетниот дел кој стартува следниот викенд.

„Се вратив дома, се вратив во клубот каде што ги почнав првите мои фудбалски чекори. Ако ги сметам само скопските клубови да кажам дека со Вардар освојував титули, потоа со Работнички играв во Европа, би било феноменално и со Македонија ЃП тоа да ми се случи. Да го освоиме пехарот во Купот а потоа и да играме во Европа. Верувајте дека јас ќе бидам најсреќниот во моето Ѓорче" ни изјави Стјепановиќ.

Најново во Фудбал