ЌЕ ИМА САМБА ВО ЃОРЧЕ

„Лавовите" се засилија со четворица Бразилци


Стопер, играч за врска, лев бек и напаѓач потпишаа договори со повратникот во Првата лига.

објавено: 1 јуни 2018 - 17:14

Ќе има самба во Ѓорче, во составот на Македонија ЃП. Новиот прволигаш, односно повратникот во елитата, се засили со четворица интернационалци од Бразил. Тоа се Лима Да Силва Нето (24 години) кој игра стопер, потоа Карлос Да Силва Робињо (23) кој пак е заден играч за врска, следува Леовигалдо Жуниор (23) кој е лев бек и Карлос дос Сантос Оливеира кој е напаѓач.

Како што дознаваме сите четворици потпишаа договор со тимот од Ѓорче и во наредната сезона ќе играат за „жолто – црвените". Сите играле во Бразил а Робињо, играчот за врска во минатата сезона играл во Португалија и се нашол во тимот на сезоната во третата лига во таа земја.

 

Најново во Фудбал