ПОЗНАТИ ДЕЛ ОД СПАРИНГ ПАРТНЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЃП

„Лавовите" во Анталија против Шахтјор Караганди и Ботев Враца

Ѓорчепетровци во Турција заминуваат на 23 јануари, се бараат ривали за уште три „контролки".

објавено: 5 јануари 2019 - 18:45

Македонија ЃП, како што и најавија од клубот, од 23 јануари до 6 февруари ќе престојува во Анталија, каде ќе ги одработи најважниот дел од зимските подготовки во пресрет на пролетниот дел. Пролетна полусезона во која „лавовите" не кријат дека имаат големи амбиции, во преден план е Купот на Македонија. Во Турција, покрај вообичаените тренинзи и „брусење" на формата, Македонија ЃП ќе одигра најмалку пет пријателски натпревари со силни противници.

Засега е познато дека на 25 јануари спаринг партнер ќе биде Шахјтор Караганди, додека на 28 пак е закажан дуел со Ботев Враца. Се бараат ривали за термините 31 јануари, 2 и 5 февруари. Кога сме кај зимскиот преоден рок „лавовите" досега се засилија со тројца интернационалци од Бразил, а се чека и потписот на Остоја Стјепановиќ.

Се водат преговори и со уште неколку играчи, додека Леовигалдо Жуниор е пред трансфер во Вардар.

Најново во Фудбал