Нерасположени се, им губи тимот убедливо

Легендите на Вардар го видоа моќниот Работнички

Дел од легендите на Вардар, предводени од спортскиот директор Дарко Панчев се присутни на трибините на „Филип Втори“ арената. Дојдоа да видат добра игра на својот клуб, секако се надеваат и на победа, но засега планот не им се исполни

објавено: 24 февруари 2018 - 14:35

Дел од легендите на Вардар, предводени од спортскиот директор Дарко Панчев се присутни на трибините на „Филип Втори" арената. Дојдоа да видат добра игра на својот клуб, секако се надеваат и на победа, но засега планот не им се исполни.

Со Дарко во друштво се и неговите некогашни соиграчи Васил Рингов, Томче Трајановски и Петар Пепи Георгиевски и нешто помладиот Саше Милошевски. Се надеваа на победа, но се наѕира пораз од градскиот ривал Работнички, кој по само шест минути игра на самиот почеток поведе со 2:0, со головите на Ерера и на Ангелов.

До крајот на мечот сепак има уште еден час надеж дека сегашните фудбалери на Вардар барем малку ќе потсетат на времињата кога „црвено-црните“ предводени од Дарко и Васе беа меѓу најдобрите клубови во Југославија.

Најново во Фудбал