Првакот се подмладува со уште еден од хероите

ЛЕТНА ТРАНСФЕР БОМБА ОД ВАРДАР - Висар Муслиу прво засилување за шампионот

Младиснкиот репрезентативец, Висар Муслиу е првото летно засилување на Вардар, како дел од плановите на шампионот да ангажира помлади играчи

објавено: 2 јуни 2017 - 08:45

Младиснкиот репрезентативец, Висар Муслиу е првото летно засилување на Вардар, како дел од плановите на шампионот да ангажира помлади играчи. Муслиу има само 22 години и игра на позицијата стопер, а е член на Ренова. Тој е еден од 17. сигурни патници во младата македонска репрезентација на Европското првенство во Полска.

Трансферот е веќе договорен и Муслиу ќе биде промовиран како нов член на Вардар до 12. јуни, кога нашите фудбалски херои ќе отпатуваат за Полска.

Вардар во последниот период ги ангажираше младинските репрезентативци Бобан Николов, Дарко Велковски, Игор Алексовски и Бесир Демири, а сега успеа да го договори и трансферот на Висар Муслиу. Сите петорица ќе патуваат за Полска, на историското за Македонија Европско првенство.

 

Најново во Фудбал