ТЕТЕКС И ШКЕНДИЈА УШТЕ ДОЛГО ЌЕ БИДАТ БЕЗДОМНИЦИ

Ливада да беше - подобро ќе беше: „Реновираниот“ терен во Тетово ужасен, (под)трибините - гнасни! (ФОТО)

Со доста помпа од страна на ФФМ, пролетва беше објавено дека почнало реновирањето на теренот на Градскиот стадион во Тетово. Багерите ископаа, тревата ја посеаја, но од сето тоа излезе - ливада! Фотографиите ја покажуваат актуелната состојба на теренот каде што играат Тетекс и Шкендија, која се бори за титулата во Првата лига играјќи во Кичево, Гостивар, Чаир, Џепчиште... Како што стојат работите, второпласираниот тим на табелата во македонската лига уште долго ќе биде кираџија.

објавено: 25 ноември 2015 - 13:32

Најново во Фудбал