ОТКАКО И ОФИЦИЈАЛНО „РАСКИНА“ СО ШКУПИ

Љамчевски пред трансфер во Победа!

Се водат завршните преговори, остануваат само деталите и прилепчани да го промовираат своето големо зимско засилување

објавено: 8 јануари 2019 - 15:46

Благоја Љамчевски, исусниот лев офанзивен бек е многу блиску до трансфер до Победа. Имено Љамчевски, кој во минатото играше за Пелистер, Македонија ЃП, Работнички, Металург, Вардар и др.клубови, денеска и официјално раскина со Шкупи, па сега како слободен играч може да бира каде ќе ја продолжи својата кариера. Се разбира дека тој ќе биде големо засилување за прилепскиот прволигаш кого напролет го чека тешка полусезона во битката за опстанок, но и поход кон куп трофејот на Македонија.
Инаку прилепчани за утре во 13 часот си закажаа прозивка. Стратегот Јане Николоски ќе ги собере момците, а веднаш потоа следува и првиот тренинг на Победа со што и офцијално ќе стартуваат зимските подготовки.

Најново во Фудбал