КАВАДАРЧАНИ ГО ПРОМОВИРАА НОВИОТ ТРЕНЕР

Љупчо Димитковски Гањо - нов шеф на стручниот штаб на ГФК Тиквеш

Кавадарчани на големо се подготвуваат за новата сезона. Љупчо Дмитковски - Гањо е новиот тренер на ГФК Тиквеш, промовирани се пет играчи. 

објавено: 22 јуни 2018 - 14:59

Екипата на ГФК Тивеш со големи амбиции ќе влезе во новата сезона во Втората лига. Пласман во елитата ќе биде целта на тимот од Кавадарци, кој денеска го промовираше новиот шеф на стручниот штаб,  Љупчо Димитковски - Гањо.

Челниците на клубот се договорија со петмина играчи, станува збор за Александар Игевски, Чаволи Адријан, Дарко Игаловски,Борче Димовски и Васко Митрев.

Прозивката за новата сезона е закажана за 5. јули, а според најавите ГФК Тиквеш ќе гради силен тим и воедно ќе мисли на иднината, поточно же се посвети на младите категории. 

Најново во Фудбал