Бразилецот ќе игра против шампионот

Лукас ќе дебитира за Победа против Вардар

Бразилецот Лукас Силва сантош Жуниор ќе биде тајното оружје на Победа во второто пролетно коло, на гостувањето кај актуелниот првак Вардар

објавено: 15 февруари 2018 - 08:30

Бразилецот Лукас Силва сантош Жуниор ќе биде тајното оружје на Победа во второто пролетно коло, на гостувањето кај актуелниот првак Вардар.

Офанзивецот, кој има само 22 години не играше вчера проти Пелистер, но сигурно ќе биде во експедицијата на прилепчани за мечот со Вардар, закажан за 18. февруари во Скопје.

Лукас и се приклучи на Поебда зимава, а интересно е што договорот падна во Анталија, каде Бразилецот беше на проба во редовите на српскиот прволигаш Раднички Ниш. Со нив не успеа да се договори, па прилепчани му понудија да игра во нашата Прва Лига. Лукас ја прифати понудата, а ќе биде подготвен за деби против Вардар.

Најново во Фудбал