На местото на досегашниот извршен директор Гоце Ингилизов

МАКАР И ПРИВРЕМЕНО: Победа ја има првата жена - претседател!

Откако ја профатија оставката на Гоце Ингилизов, за привремен ВД, е избрана косопственичката на ,,Комфи Ангел“, Ирена Јакимоска...

објавено: 23 јануари 2018 - 19:29

Вечерва, во клупските простории на ФК Победа се одржа состанок на Бордот на директори.

А главната одлука е дека на местото на досегашниот извршен директор Гоце Ингилизов,на кого му беше прифатена оставката, за привремен В.Д. е избрана ко-сопственичката на ,,Комфи Ангел“, Ирена Јакимоска.

Па така, макар и привремено, прилепскиот прволигаш ја доби и првата жена претседател, што е вистинска реткост во македонскиот спорт

Најново во Фудбал