„ЛАВОВИТЕ“ САКААТ СУПЕР ЗАСИЛУВАЊЕ

Македонија ЃП преговара со Остоја Стјепановиќ!

Довчерашниот капитен на „романтичарите" е трансферна цел на прволигашот од Ѓорче

објавено: 25 декември 2018 - 13:15

Неофицијално дознаваме дека Остоја Стјепановиќ би можел да се врати во својот матичен клуб Македонија ЃП и тоа по цели 13 години.

Довчерашниот капитен на „романтичарите" е голема желба на „лавовите" и тие веќе преговараат со некогашниот репрезентативец со цел и тоа како да го засилат својот среден ред во пресрет на пролетниот дел, во кој Македонија ЃП не крие дека има големи амбиции, како во првенството така и во Купот.

Инаку тимот од Ѓорче веќе ангажираше ново име во своите редови, пред неколку денови потпишан беше Пауло Едуардо Карваљо од Бразил.

Е сега дали Остоја ќе се врати во Ѓорче, или не, ќе се знае во текот на следните неколку денови. Се разбира дека со него Македонија ЃП би можела да тргне во поход на пехарот во Купот. Да споменеме дека искусниот Стјепановиќ покрај Македонија ЃП и Работнички, беше член, покрај други клубови, и на Партизан (Србија), Матерсбург (Австрија), Вардар, Висла Краков (Полска), ОФК Београд (Србија), АЕЛ Лимасол (Кипар), Сласк (Полска).

Најново во Фудбал