Некогашниот шампион има амбиции за враќање во највисок ранг

Македонија прави тим за Прва Лига - Филип Петров, Трајче Стојковски и Александер Борха пристигнаа во Ѓорче Петров

Македонија Ѓорче Петров има амбиции да се врати во Првата Лига, па и засилувањата се во тој ранг. Во редовите на некогашниот македонски шампион пристигнаа двајца поранешни вардарци, Филип Петров и Трајче Стојковски и Колумбиецот Александер Борха

објавено: 16 јануари 2018 - 17:30

Македонија Ѓорче Петров има амбиции да се врати во Првата Лига, па и засилувањата се во тој ранг. Во редовите на некогашниот македонски шампион пристигнаа двајца поранешни вардарци, Филип Петров и Трајче Стојковски и Колумбиецот Александер Борха, како позајмен играч од Работнички.

Петров ќе го засили нападот, а десното крило во Ѓорче Петров доаѓа од редовите на Пелистер. Неговиот соиграч од деновите минати во Вардар, Трајче Стојковски пристигна од Борец Велес, а Борха настапуваше за Локомотива и се сели неколку километри на западот на Скопје.

Македонија Ѓорче Петров има искусен состав, со зимски подготовки ќе почнат утре, а сега воопшто не изгледа недостижно првото место во Втората лига Запад.

По првиот дел Македонија Ѓ.П. е на четвртото место со 23 бода, само два помалку од Велазерими и Гостивар и еден од Струга Трим и Лум.

Најново во Фудбал