Во знак на почит кон бразилскиот клуб

Македонските прволигаши не го заборавија Шапекоенсе, со минута молчење почна 17. коло

Македонските прволигаши со минута молчење ја обележија големата трагедија во Меделин што му се случи на бразилскиот клуб Шапекоенсе

објавено: 30 ноември 2016 - 13:09

Македонските прволигаши со минута молчење ја обележија големата трагедија во Меделин што му се случи на бразилскиот клуб Шапекоенсе.

Со почит кон загинатите во авионската несреќа во Колумбија почнаа сите 5 натпревари од 17. коло во нашата Прва Лига.

Дербито е во Битола меѓу Пелистер и Вардар, а веќе се играат и дуелите меѓу Ренова и Шкендија, Македонија Ѓ.П - Брегалница, Силекс - Шкупи и Работнички - Победа.

Најново во Фудбал