Го скршија отпорот на гевгеличани во продолжението

Марко Ѓоргиевски два пати во метата наречена Кожуф!

По лошото прво полувреме, велешани заиграа подобро во продолжението и со двата гола на Марко Ѓоргиевски дојдоа до триумф над Кожуф.

објавено: 24 април 2018 - 18:41

Второлигашката конкуренција Исток исто така го имаше 23. продолжение сезонава, а во него, тимот на Борец го совлада Кожуф на домашен терен со 2:0, со двата гола на Марко Ѓоргиевски во второто полувреме.

Откако гостите во првиот дел имаа стонастотна шанса преку Лазаровски кој излезе сам пред домашниот гол, но не успеа да реализира, домаќините во продолжение се освестија и заиграа подобро.

Нивниот најдобар напаѓач Марко Ѓоргиевски во главна улога на два пати реализираше и успеа да му донесе на Борец важни бодови во обидот да се стигне до тоа второ посакувано место на табелата.

Брегалница на домашен терен немаше премногу проблем да го победи Тиквеш и му даде пет гола, додека пак во Радовиш, Плачковица со 3:2, го совлада Осогово.

РЕЗУЛТАТИ 23. КОЛО:

БОРЕЦ – КОЖУФ 2:0
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 5:0
ПЛАЧКОВИЦА – ОСОГОВО 3:2
КАМЕНИЦА САСА – ПОБЕДА В. 3:0
СЛОБОДНА: БЕЛАСИЦА

ТАБЕЛА:

1. БЕЛАСИЦА 52
2. БОРЕЦ 44
3. БРЕГАЛНЦА 43
4. КОЖУФ 34
5. ТИКВЕШ 31
6. ПЛАЧКОВИЦА 27
7. КАМЕНИЦА С. 22
8. ОСОГОВО 16
9. ПОБЕДА В. 10

 

Најново во Фудбал