И ЛЕГЕНДАРНИОТ ХОЛАНДСКИ ФУДБАЛЕР ГОСТИН ВО СКОПЈЕ

Марко Ван Бастен ќе ја предводи делегацијата на ФИФА

Марко Ван Бастен, легендарниот холандски фудбалер, сега во улога на директор за технички развој во ФИФА, ќе ја предводи делегацијата на Светската куќа на фудбалот по повод отворањето на сместувачкиот капацитет во комлексот „Куќа на фудбалот" во четврток.

објавено: 13 февруари 2018 - 13:59

Марко Ван Бастен, легендарниот холандски фудбалер, сега во улога на директор за технички развој во ФИФА, ќе ја предводи делегацијата на Светската куќа на фудбалот по повод отворањето на сместувачкиот капацитет во комлексот „куќа на фудбалот" во четврток.

Покрај легендарниот голгетер Ван Бастен, гостин ќе биде и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, директорот на одделот за Национални асоцијации при УЕФА, Зоран Лаковиќ и Бјорн Васало, директор на национални селекции при ФИФА, соопшти ФФМ на својата официјална интернет страница.

Новиот објект во склоп на комплексот „куќа на фудбалот" содржи сместувачки капацитет за учениците од ФФМ/УЕФА Елитната академија, како и за младите национални тимови. Целосно се опремени за живеење 30 двокреветни соби, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории - сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија. Сместувачкиот капацитет е наменет за престој на учениците од фудбалската академија во текот на училишната година, а по потреба ќе се користи и за младинските национални тимови во пресрет на натпреварите.

Најново во Фудбал