Во последен момент пропадна трансферот

Марментини не ги мина медицинските тестови, Вардар ќе бара друго чаре

Густаво Марментини нема да игра за Вардар, а трансферот на Бразилецот пропадна, откако тој не ги мина медицинските прегледи

објавено: 23 јануари 2018 - 10:46

Густаво Марментини нема да игра за Вардар, а трансферот на Бразилецот пропадна, откако тој не ги мина медицинските прегледи.

Марментини веќе беше договорен со раководството на Вардар, од Анталија се врати во Скопје за медицински тестови, но не ги мина.

Претходно уште еден Бразилец Јаго Мореира Силва не успеа да докаже дека е калибар за Вардар, па иако беше најавуван како зимско засилување за македонскиот шампион, трансферот пропадна.

Најново во Фудбал