ПОЗНАТИ СУДИИТЕ ЗА 35. КОЛО ВО ПМФЛ

Мечкаровски ќе го суди дербито за опстанок

објавено: 14 мај 2018 - 13:18

Најважната, можеби и клучната битка за опстанок ќе се игра во среда на стадионот во Автокоманда каде што Скопје ќе биде домаќин на Победа. Улогата на судија на тој натпревар му е доделена на Димитар Мечкаровски. Само триумф му одговора на домашниот тим во битката за опстанокот и местото кое носи во баражот за останување во прволигашката конкуренција. 

Дуелот помеѓу Ренова и Шкендија ќе го суди Игор Стојчевски, додека на „Арената“ на мечот Вардар - Академија Пандев судија ќе биде Фатон Мустафи. Дуелот Пелистер - Шкупи кој што исто така ќе биде значаен ќе го суди нашиот најдобар судија Александар Ставрев. На директната битка за третото место помеѓу Силекс и Работнички, арбитар ќе биде Марјан Маркоски. 

СУДИИ ЗА 35. КОЛО ВО ПМФЛ

Вардар - Ак. Пандев (Фатон Мустафи)
Пелистер - Шкупи (Александар Ставрев)
Ренова - Шкендија (Игор Стојчевски)
Скопје - Победа (Димитар Мечкаровски)
Силекс - Работнички (Марјан Маркоски)

Најново во Фудбал