ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДНИТЕ СТРУКТУРИ ВО ТИМОТ НА ГОСТИВАР

Менга нов тренер, Јетон Несими нов претседател

Второлигашот по поразот од Геблен Јуниор на домашен терен, направи промени во раководните структури, и но ќе продолжи да биде конкурент за највисок пласман и понатаму.

објавено: 20 септември 2018 - 17:00

Второлигашот Гостивар деновиве доживува промени од структурален карактер. Еден од подобро организираните клубови во домашниот второлигашки шампионат, и минатогодишен учесник во баражот за пласман во првата лига, годинава исто така има амбиции за највисок пласман. Сепак, тоа ќе мора да го стори со сосема нови луѓе кои досега не беа дел од клубот, и кои ќе ги заменат досегашните тренер, односно претседател на клубот.

Имено, по поразот од Гобен Јуниор на домашен терен, во кој само за потестување, Гостиварци имаа 2:0 на половина час до крајот на мечот, а потоа неочекувано примија три гола и загубија, досегашниот тренер Менсур Јакупи и претседателот Висар Адеми си поднесоа неодповикливи оставки.

„Да, точно е дека си заминав од местото тренер на екипата. Едноставно сметам дека ова е вистинскиот потег во моментов, и за мене и за клубот" - ни изјави Менсур Јакупи.
На нивно место доаѓаат добро познати имиња на фудбалот како во Гостивар, така и ширум нашата земја. Тренерската позиција ќе ја преземе екс играчот на Гостивар и жива легенда на клубот, Ерџан менга, додека пак претседател на клубот ќе биде екс македонскиот селектор во младински категории, Јетон Несими.

Со ова тимот ги реши кадровските проблеми кои се појавија по оставките на Јакупи односно Адеми, и се верува дека ќе се продолжи според планот кој е зацртан за сезонава.

Најново во Фудбал