Најдолгиот пат од Порт о Пренс до Прилеп

Мина пат од 9 илјади километри - Пејн од Хаити пристигна на проба во Победа

Прилепска Победа ги почна подготовките за новата сезона, а поесбно внимание предизвика 21-годишното момче Еуген Пејн од Хаити. Од карипската држава до Македонија има пат од 9 илјади километри, а за првпат ако успее да се наметне кај стручниот штаб на Победа во македонското првенство ќе игра фудбалер од оваа земја

објавено: 27 јуни 2017 - 08:30

Прилепска Победа ги почна подготовките за новата сезона, а посебно внимание предизвика 21-годишното момче Еуген Пејн од Хаити. Од карипската држава до Македонија има пат од 9 илјади километри, а за првпат, ако успее да се наметне кај стручниот штаб на Победа, во македонското првенство ќе игра фудбалер од оваа земја.

Тренерот Зоран Штерјовски и спортскиот директор Александар Крстески им посакаа на играчите успешни подготовки и подобар пласман следната сезона во Првата лига.
На првиот собир, покрај Пејн, на проба се јавија и Азербејџанецот Турал Хумбатов, Бразилецот Ериксон Гонзалвеш, и Хрватот Габриел Миоч. Во клубот се врати искусниот стрелец и поранешен македонски репрезентативец Борче Маневски, а од Победа си заминаа Валентин Колески, Даниел Котески, Даниел Талески, Милан Војводиќ, Никола Тошески, Звездан Ѓорѓиловиќ и Благојче Коњарски.
Според планот на подготовки екипата останува во Прилеп до 13. јули, а потоа ќе замине на десетдневни подготвки во Банско, Бугарија.

Најново во Фудбал