Струмичани итаат кон Првата лига

Многу моќна Беласица - Струмичани приредија шоу во Валандово со победа од 8:1

Беласица продолжи во ист ритам кон пласман во повисок ранг и во продолжението од шампионатот во Втората лига Исток и со неверојатни 8:1 ја декласира Победа во Валандово

објавено: 6 март 2018 - 15:59

Беласица продолжи во ист ритам кон пласман во повисок ранг и во продолжението од шампионатот во Втората лига Исток и со неверојатни 8:1 ја декласира Победа во Валандово.

Струмичани беа расположени за фудбал, играа моќно и ја забележаа највисоката победа, сезонава на Истокот.

Победи славеа и конкурентите на Беласица. Брегалница во Штип со 1:0 славеше против Тиквеш, а Борец убедливо со 4:1 ја деклаисра Плачковица. Потфрли Кожув со реми, 1:1 против Саса.

На Запад, Лабуништа со 1:0 ја победи Локомотива, Тетекс со 2:0 беше подобар од Струга Трим Лум, а Македонија Ѓорче Петров со голот на Филип Петров во 89. минута го победи фенерџијата Новаци.

Мечот меѓу Зајас и Еуромилк е одложен.

Табела, Втора лига Исток: Беласица 33 (меч помалку), Борец 29, Брегалница 28 (-1), Кожув 26, Плачковица 21 (-1), Тиквеш 20 (-1), Саса 15, Победа Валандово 10, Осогово 8.

Запад: Гостивар 28, Македонија Ѓ.П. 26, Влазерими 25, Струга 24, Лабуништа 22, Еуромилк 20 (-1), Тетекс 19, Локомотива 18, Зајас 12 (-1), Новаци 7. 

Најново во Фудбал