НОРВЕЖАНКИТЕ ИМАА МИЛОСТ, СЕ ЧУВАА ЗА ДОМАЌИНОТ

Многу подобра „нула" на Драгон

Се беше решено во првото полувреме, а на крајот прифатливи (3:0) за Авалдснес против нашиот претставник во квалификациите за Лигата на Шампионките.

објавено: 10 август 2018 - 17:57

По катастрофалната игра и пораз на отворањето на турнирот против Осијек (0:13), фудбалерките на ФК Драгон заиграа доста помотивирано во дуелот со норвешкиот претставник Авалдснес.

Загубија со далеку поскромен резултат, односно (3:0), со што и теоретски ги загубија шансите за пласман, односно место во следната рунда од натпреварите од ЛШ во женска конкуренција.
Макар што многу брзо паднаа под налетите на противничката екјипа. Во 11.минута прво погоди ОБраен, десет минути и Луана, па норвежанките рано се стекнаа со висока предност која ја зголемија дури по 70.минути од играта.
Тогаш погоди Дуда, за конечните (3:0), по што Авалдснес сега има максимални шест бода (претходно со 3:2, го совладаа Спортинг), додека македонскиот претставник е далеку последен со нула бодови и гол-разлика (0:16).
А првиот гол на овој турнир во хрвстскиот град, играчите на ФК Драгон ќе го чекаат на 13. август кога на програмата е последното трето коло во кое се среќаваат со екипата на Спортинг. А во оној решавачки дуел пак ќе играат домаќинот на овој турнир, Осијек и ривалот од Норвешка, кој веќе реализира две победи/

Најново во Фудбал