Нема да има гостински навивачи утре на „Филип Втори“ арената

Не е веќе ни изненадување - Вардар против Шкендија меч под висок напон и ризик јак

Утрешниот натпревар помеѓу Вардар и Шкендија, очекувано е прогласен за меч од визок ризик. Согласно договорот на двата клуба и Министерството за внатрешни работи работи, присуство на гостински навивачи нема да биде дозволено

објавено: 13 октомври 2017 - 15:56

Утрешниот натпревар помеѓу Вардар и Шкендија, очекувано е прогласен за меч од визок ризик. Согласно договорот на двата клуба и Министерството за внатрешни работи работи, присуство на гостински навивачи нема да биде дозволено. Исто така ќе се забрани влез на симпатизери на гостинската екипа на стадионот.

Купувањето на влезница ќе биде овозможено единствено со покажување на документ за лична идентификација. Со еден документ, може да се купи една влезница. Билетарницата ќе се затвори во 14 часот, односно половина час пред почетокот на натпреварот. 

За утрешното дерби ќе бидат отворени само Јужната и Западната трибина, а затворени за публика ќе бидат двете останати трибини, Северната и Источната трибина.

 

Најново во Фудбал