ВТОРА ПОБЕДА НАД ВАРДАР ФОРИНО

Неготино на нозе - Вардар се врати во Втора лига!

По седумгодишното талкање низ третолигашките терени, екипата на Вардар Неготино е последниот второлигаш за наредната сезона, откако со 2-0 славеше и на вториот натпревар над Вардар Форино.

објавено: 1 јуни 2016 - 18:03

Неготинци одиграа одличен натпревар на стадионот „Гоце Делчев“ во Прлеп и по вторпат беа поуспешни од противникот, по победата од од 3-0 на првиот меч и со вкупни 5-0 се враќаат во второлигашкото друштво. Во 24-та минута од натпреварот Миле Чаушев ги урна речиси сите надежи за тимот од Форино да направи сензација на реваншот, а конечните 2-0 ги постави Петар Најдов во 67-та минута.

Покрај Вардар Неготино, во Втората лига наредната сезона ќе игра и тимот на Академија Пандев кој е дебитант, а опстанок обезбеди Љубанци кој во бараж-дуелот беше поуспешен од Новаци.

Најново во Фудбал