И РАБОТНИЧКИ ТРГНУВА ВО ЕВРОПА

Нека биде долго „романтично“ еврoпско лето

Работнички денеска (17:30 часот), во рамките од 1. квалификациско коло ќе го пречека Хонвед.

објавено: 11 јули 2018 - 15:00

Работнички денеска (17:30 часот), во рамките од 1. квалификациско коло ќе го пречека Хонвед. Нема зборови дека „романтичарите" немаа среќа во ждрепката, им се падна најтешкиот ривал. Но Работнички низ годините наназад покажал дека знае како треба да реагира во Европа, знаел како да елиминира и посилен и позвучен тим од Хонвед.

Ако се смета ранкингот, тогаш македонскиот тим би требало да биде во улогата на фаворит, се наоѓа на 292 место, а тимот од Будимпешта на 354, мешу другото Работнички на ждрепката беше носител, а Хонвед аутсајдер. Но тоа не мора ништо да значи.

Факт е дека гостинот низ историјата се покажа дека е најславниот клуб во Унгарија. Но тоа беше некогаш, многу далеку. Сега некои клубови се поголеми од Хонвед. Инаку според информациите составот на Шупка во последно време играч непредвидливо. Знаел да блесне но знаел и да разочара.

Најново во Фудбал