Некогашен судија на чело на Пелистер

Некогашниот фудбалски судија утре и официјално ќе и биде претставен на јавноста како нов претседател на ФК Пелистер, открива „Македонски спорт“.

објавено: 12 февруари 2018 - 21:40

Љубомир Крстевски - Крцул ќе биде новиот претседател на ФК Пелистер, открива единствениот спортски весник кај нас „Македонски спорт“. Некогашниот судија, еден од најдобрите во историјата на мак - фудбалот, популарниот Крцул утре и официјално ќе и биде претставен на јавноста како нов прв човек на клубот од под „Тумбе Кафе".

Пред извесно време на местото спортски директор на Пелистер беше поставен Менде Степановски, па така фановите на клубот и сите битолчани кои го сакаат Пелистер, очекуваат од нив двајцата добра соработка и напорна работа за доброто на „зелените" од Битола.

Крстевски тргнува по патот на Љубош Микел, судијата од Словачка, кој беше директор во Паок и Шахтјор.

Најново во Фудбал