ПРОСЛАВИ ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ

Некогашниот фудбалер на Беласица Илија Николов - Моторетката наполни 100 години (ФОТО)

Илија Николов - Моторетката денеска со најблиските го прослави својот 100-ти роденден. Првите фудбалски почетови го направил во 1922 година, а својата кариера ја завршил во 1953 година.

„Игравме без пари, од срце, пред полни трибини. Само Струмица имаше тревно игралиште. Сега се информирам за Беласица а кога можам одам и на стадионот. Следам спорт . Освен фудбал домашен и странски на телевизија следам и тенис и навивам за Федерер“, раскажува Николов за Канал ВИС.

објавено: 21 септември 2018 - 20:10

Најново во Фудбал