СИТЕ МЕЧЕВИ ЌЕ ИГРААТ ЕДЕН ДЕН ПОРАНО

Нема фудбал во недела

Поради локалните избори кои ќе се одржат во недела, ФФМ реши сите мечеви од Првата и двете Втори лиги да се играат во сабота на 14 октомври.

објавено: 11 октомври 2017 - 10:39

Поради локалните избори кои ќе се одржат во недела, фудбалската федерација на Македонија одлучи сите натпревари од Првата лига да се одиграат еден ден порано. Во сабота ќе имаме богат фудбалски ден, покрај прволигашките мечеви, ќе се одиграат и дуелите од осмото коло во двете втори лиги.

Во центарот на вниманието ќе биде дербито меѓу Вардар и Шкендија во рамките на првото коло од вториот круг во Првата лига. Првиот натпревар заврши со победа од 2-0 во корист на тетовските „црвено-црни“. Покрај оваа средба ќе се сретнат: Академија Пандев - Шкупи, Пелистер - Победа, Ренова - Работнички, Скопје - Силекс.

Најново во Фудбал