Мизерна посета на „Филип Втори“ арената

Нема интерес за фудбал во Скопје, дербито го следат само 500 луѓе (Фото)

Се помалку публика има во Скопје на „Филип Втори“ арената, кога играат старите локални ривали Работнички и Вардар. Денешното дерби од 15. коло го следат само 500 луѓе, на стадионот што има капацитет од околу 33 илјади седишта

објавено: 20 ноември 2016 - 14:24

Се помалку публика има во Скопје на „Филип Втори" арената, кога играат старите локални ривали Работнички и Вардар. Денешното дерби од 15. коло го следат само 500 луѓе, на стадионот што има капацитет од околу 33 илјади седишта.

Споредбата со старите добри времиња, кога во Скопје се бараше билет повеќе за дербито на соседите од Градскиот Парк се оддамна минати, па сега дуелите на Работнички и на Вардар не можат да привлечат ниту „илјадарка“.

Најново во Фудбал