Нова утка на челниците на шампионот

Непријатни шокови го дрмаат Вардар - Си оди и Хуан Фелипе со спогодбен раскин на договорот

Хуан Фелипе ќе добие раскин на договор со взаемна спогодба со раководството на Вардар, што е уште едно шокантно заминување во низа и уште еден лош потег на челните луѓе

објавено: 20 март 2018 - 12:08

Хуан Фелипе ќе добие раскин на договор со взаемна спогодба со раководството на Вардар, што е уште едно шокантно заминување во низа и уште еден лош потег на челните луѓе.

Вардар од Фелипе можеше одлично да заработи, но не му даде „зелено светло“ да замине во Сиваспор. Отштетата за Вардар ќе беше одлична, а и Фелипе ќе имаше можност добро да заработи.

Сега шампионот ќе остане со празни раце, а Фелипе ќе може да си одбере клуб, во кој ќе ја продолжи кариерата.

Фелипе беше во  таборот на „црвено-црните“ во последните три и пол години, како еден од најдобрите играчи, и воопшто странци кои настапувале во македонскиот шампионат. Дојде во Вардар од таборот на ЦСКА Софија.

Бразилецот најверојатно ќе ја продолжи кариерата во некој од клубовите во неговата земја, а вардарци ќе го паметат како стрелец на првиот гол во групна фаза во Европа Лигата, кога на Розенборг му даде прекрасен погодок со лоб удар.

Најново во Фудбал