Ќе има ново засилување за романтичарите

Николче Шаркоски пред промоција во Работнички

Талентираното десно крило на Победа Прилеп, Николче Шаркоски ќе биде промовиран во ново зимско засилување на Работнички, а се очекува во следните неколку денови трансферот да биде комплетиран

објавено: 10 јануари 2018 - 08:01

Талентираното десно крило на Победа Прилеп, Николче Шаркоски, ќе биде промовиран во ново зимско засилување на Работнички. Се очекува во следните неколку денови трансферот да биде комплетиран и 23-годишниот фудбалер да му се приклучи на новиот тим, на подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Шаркоски може да игра и како десен бек, а беше еден од најдобрите играчи на Победа во есенскиот дел од шампионатот и еден од најзаслужните за кам-бекот на прилепчани во Првата Лига.

Пред него нов член на „романтичарите“ стана Бујамин Асани, кој пристигна во редовите на Работнички од романскиот УТА Арад.

Најново во Фудбал