Тренерот на Турновци е разочаран од судењето

Николоски: На вакви победи не се радувам

„Кога имаме вакво судење во кое аматери делат правда на средби, не можеме да очекуваме ништо освен фудбалски лакрдии. Јас не можам да се радувам на вакви победи кога гледам што се случува" изјави Николоски

објавено: 19 ноември 2016 - 15:27

Победата на Хоризонт Турново над Новаци од 4:0 остана во сенка по моментот кој што се случи во текот на мечот. Имено, тренерот на гостите Јане Николоски мораше предвреме да го напушти теренот, незадоволен од судењето.

„Кога имаме вакво судење во кое што аматери делат правда на мечеви, не можеме да очекуваме ништо друго освен фудбалски лакрдии. Судијата константно судеше тенденциозно за домаќините и имаше намера да не оштети. Тоа што се случи по мечот беше вербална моја реакција на ситиацијата на теренот. Јас не можам да се радувам на вакви победи кога гледам што се случува. Фудбалот во Македонија нема да се развива во вистинска насока од вакви глупости.

 

Најново во Фудбал