ТРЕНЕРОТ НА ТУРНОВО РАСПАЛИ ПО ФФМ

Николоски: Со вакви говеда во македонскиот фудбал ќе одиме уште подолу!

Јане Николоски, македонската голманска легенда, а сегашен предводник на Турново е незадоволен од арбитражата на бараж-дуелот против Пелистер (1-2) и по средбата распали по Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и судиите на мечот кој се одигра во Ѓорче Петров.

објавено: 25 мај 2016 - 18:24

Турново поведе преку Сашко Пандев уште во раната фаза на мечот, но потоа Пелистер за само пет минути доби два пенали, а воедно турновци добија и црвен картон, што беше голем ветер во грбот за битолчани да дојдат до триумфот. Николоски вели дека случувањата на мечот се вистински срам за фудбалот и дека во недела, на вториот меч очекува полоша арбитража и кулминација 

„Ништо не се случи што ние лично не очекувавме. Знаевме што ќе се случува, но не очекував дека толку ќе прави брука и дека до толку има говеда судии што немаат тронка совест и сакаат да плукаат по потта на децата. Јане не е битен во оваа ситуација, Јане бил и ќе биде ист човек“, вели Николовски.

Пред крајот на првото полувреме стратегот доби црвен картон поради протести кон судиите. Вели дека не е изненаден од арбитражата, а во своето обраќање тој испрати и „поздрав“ до претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кој не беше на трибините на денешната средба.

„Со вакви говеда уште полошо ни оди фудбалот. 140 место на ФИФА-листата е супер за ова сѐ што ни се случува. Сакам јавно да го поздравам господинот претседател на Федерацијата, мислев дека ќе не удостои со своето присуство, меѓутоа ете, п****н му e г***т, па не се појави да види што ќе се случи овде. Сега следи втор натпревар, каде очекувам бетер да се срамат органите. Мислам дека се виде добро квалитетот на чија страна е и која е подобра екипа“, додава прилепчанецот.

Предводникот на Турновци обвини дека судбината на неговиот клуб била позната на две кола пред крајот во Втората лига, кога резултатите биле наместени за Пелистер да дојде до второто место.

„Се надевам дека уште повеќе ќе се прават срамови и сакам баш да видам која е крајната граница на безобразлук во македонскиот фудбал. Судбината на Турново се знаеше на две кола пред крајот во Втората лига. Цела втора лига ги намести натпреварите за Пелистер да игра бараж и ова е веќе најлесниот дел. Плус, се одбира стадион каде не може да се игра фудбал. На златен „Градски“, или во Тетово каде може да се игра фудбал - го одбраа Ѓорче без никого да констултираат од толку други терени во Македонија. Стадионот ниту има димензии, ниту терен, ни подолга, етапно сценарио е изведено и за нивна среќа, а наша несреќа им оди сѐ во прилог. Меѓутоа, кулминациајта на безобразлукот во македонскиот спорт ќе биде во недела“, заклучи Николоски.

Реванш-дуелот меѓу екипите на Хоризонт Турново и Пелистер кој ќе го даде последниот прволигаш за наредната сезона се игра на 29 мај од 16 часот, исто така на стадионот во Ѓорче Петров.

Најново во Фудбал