ИГРАЧОТ ОД СРЕДНИОТ РЕД СЕ СЕЛИ ВО УНГАРИЈА

Вардар останува без репрезентативецот, Николов е нов играч на Видеотон

Во следните неколку часа, играчот од средниот ред на Вардар ќе биде официјално промовиран во унгарскиот тим, открива „Македонски спорт“. 

објавено: 15 јануари 2018 - 09:09

Бобан Николов ја завршува својата „мисија“ во Вардар. Македонскиот репрезентативец во следните неколку сача се очекува да биде промовиран во дресот на унгарскиот тим Видеотон. 

„Трансферот е веќе готов, а ќе добие официјална потврда во следните неколку часа кога ќе се случи официјалната промоција на фудбалерот од средниот ред. Дека трансферот е веќе готова работа, кажува фактот што Бобан Николов нема да патува со екипата на подготовките во Анталија. Експедицијата на „црвено-црните" заминува утре во Турција, а Николов нема да биде со екипата, односно ќе биде веќе дел од Видеотон.“, пишува единствениот спортски весник кај нас „Македоски спорт“ на својата официјална интернет страница. 

Николов беше на мета на голем број на клубот, за неговите најмногу беше заинтересиран Лудогорец, но се одлучи да ја прифати понудата на Унгарците.

 

Најново во Фудбал