РАБОТНИЧКИ НА КАФЕ СО МАКЕДОНЦИТЕ ВО УНГАРИЈА

Николов и Ангелов им даваа совети на „романтичарите“ (ФОТО)

Непроценливи се советите на Бобан Николов, еден од најдобрите фудбалери на шампионот на Унгарија во пресрет на утрешниот дуел меѓу Хонвед и Работнички. Тука беше и Виктор Ангелов, екс „романтичарот" кој сега е во Ујпешт. 

објавено: 16 јули 2018 - 22:52

Така прават големите фудбалери и големите луѓе. Кога некој клуб од твојата земја дојде во твојот град, ги повикуваш на кафе – дружба. Тоа вечерва го направи Бобан Николов, членот на нашата репрезентација и еден од најдобрите фудбалери на првакот на Унгарија, тимот на Видеотон. Тука во ова друштво вечерва во Будимпешта беше и Виктор Ангелов, довчерашниот „романтичар" кој сега повторно игра за Ујпешт.

Непроценливи се советите на Николов за тоа како треба да одиграат играчите на Работнички на утрешниот меч со Хонвед, со цел да ја минат оваа пречка во првото квалификациски коло во Лига на Европа.

Најново во Фудбал