Нема договор

Ништо од Харуна, Битанг ќе биде главното засилување за Вардар

Кларенс Жуниор Битанг ќе биде најголемото зимско засилување за Вардар и Камерунецот само треба да потпише договор со шампионот. Тоа е формалност, а Лукман Харуна, кој има одлично реноме не доаѓа во Скопје

објавено: 6 февруари 2018 - 14:20

Кларенс Жуниор Битанг ќе биде најголемото зимско засилување за Вардар и Камерунецот само треба да потпише договор со шампионот. Тоа е формалност, а Лукман Харуна, кој има одлично реноме не доаѓа во Скопје.

Битанг е играч од средниот ред и има 26 години, но може да помогне и како десно крило.

Харуна, кој има настапи во ЛШ и во ЛЕ за Динамо Киев, а беше претходно и во Монако, нема да потпише за Вардар. Тој е одличен фудбалер, но нема играно долго време и е физички неподготвен, па раководството на „црвено-црните“ одлучи да не го ангажира.

Најново во Фудбал