Куса епизода кај прилепчани

Нов шокантен потег на талентот - Јасир Асани си поигра малку во Победа и си замина

Јасир Асани назадува во кариерата, а последните потези му се шокантни, меѓу нив и денешното заминување од фудбалскиот клуб Победа. Тој беше ангажиран од прилепчани како големо летно засилување, но по само два одиграни натпревари си замина од клубот

објавено: 21 август 2017 - 15:46

Јасир Асани назадува во кариерата, а последните потези му се шокантни, меѓу нив и денешното заминување од фудбалскиот клуб Победа. Тој беше ангажиран од прилепчани како големо летно засилување, но по само два одиграни натпревари за прилепчани си замина од клубот. Одлуката оддекна како бомба, бидејќи од него многу се очекуваше. 

Асани е дете на Вардар, а токму по вечрашниот меч за Победа против матичниот клуб одлучи да си замине. Шокантно, како и одлуката да игра за Албанија, иако имаше настапи за младинската селекција на Македонија. Потоа од Вардар замина во Шкупи, но по една полусезона се пресели во Победа. Со порака на социјалните мрежи Јасир и посака на Победа многу успех понатаму.

„Голема благодарност за Победа за укажаната доверба, прием и гостопримство и за периодот поминат заеднички. Благодарност до Управата, тренерот и фудбалерите. Се надевам дека еден ден пак ќе се вратам. јас сум професионалец и ќе продолжам во надградувањето на мојата кариера. И посакувам многу успех на Победа“, напиша на својот фејсбук профил, Асани.

Најново во Фудбал