Силекс ниту дава, ниту прима голови во Анталија

Нова „нула“ за кратовци

Денеска Силекс одигра 0:0 и со Динамо Тбилиси

објавено: 1 февруари 2017 - 17:19

Ново реми без голови за кратовци во Анталија. Денеска Силекс одигра 0:0 и со Динамо Тбилиси

Силекс - Динамо Тбилиси 0:0, тоа е епилогот од денешиот контролен меч за кратовци во Анталија.

Втор за составот на тренерот Жикица Тасевски, и второ реми без голови, по оној меч завчера против Шињик Јарослав. Во текот на дуелот со некогашниот гигант во екс СССР, кратовци одиграа сосема солидно, но претежно на резултат. Се со цел да не се загуби.

Веќе по два дена, односно на 3. февруари, кратовци ќе ги одмиерат силите и со грузискиот прволигаш Милсами. 

Најново во Фудбал