Ќе се пробие квотата за странци

Ново лице за Лига Европа, Ѓорѓе Ивановиќ го засилува Вардар?

Ѓорѓе Ивановиќ ќе биде новото засилување на Вардар, со акцент на Европа Лигата, а со неговиот ангажман ако се оствари „црвено-црните“ ќе бидат со повеќе опции во напаѓачкиот дел

објавено: 29 август 2017 - 11:54

Ѓорѓе Ивановиќ ќе биде новото засилување на Вардар, со акцент на Европа Лигата, а со неговиот ангажман ако се оствари „црвено-црните" ќе бидат со повеќе опции во напаѓачкиот дел.

Српските медиуми најавуваат дека трансферот на 22-годишниот играч на Спартак од Суботица во Вардар е на прагот да биде реализиран, а ако е така македонскиот првак ќе има вишок на странци.

Ивановиќ ја почна новата сезона извонредно, има постигнато четири гола од седум натпревари во српското првенство и е меѓу најдобрите стрелци во тамошниот шампионат.

 

Најново во Фудбал