Тренерот на чаирчани е задоволен од првиот тест во Анталија

Нухиу: Одигравме одлично против учесник во Лигата на шампионите

Тренерот на Шкупи, Ардијан Нухиу вели дека Шкупи е на вистинскиот пат да биде една од најдобрите екипи во Македонија, а е задоволен од ремито без голови против Карабах, во првиот тест меч во Анталија

објавено: 26 јануари 2018 - 09:30

Тренерот на Шкупи, Ардијан Нухиу вели дека Шкупи е на вистинскиот пат да биде една од најдобрите екипи во Македонија, а е задоволен од ремито без голови против Карабах, во првиот тест меч во Анталија.

„Апсолутно сум задоволен како одигравме против Карабах, екипа која беше учесник во Лигата на шампионите во тековното издание. Прв меч ни е во Анталија и впечатокот е силен. Задоволен сум и од играта на новите фудбалери и верувам дека со тек на време одлично ќе се вклопат во нашиот систем на игра“, изјави Нухиу.

Од зимските засилувања Рон Броја и Благоја Љамчевски беа стартери против Карабах, а Баќе Илијоски влезе во игра како замена за напаѓачот Ален Јашаровски. Поради повреда не настапи Стефан Вујчиќ.

Најново во Фудбал