Чаирчани ќе бидат посилни

Нухиу: Типуриќ и Чан се вистински засилувања за Шкупи

Ардијан Нухиу е задоволен од квалитетот на двете последни засилувања што во зимскиот период пристигнаа на Чаир. „Многу сум задоволен од нивниот квалитет и залагање на тренинзите. Нема да брзаме, сепак им треба извесно време за да се вклопат во нашиот систем на игра, но очекуваме многу од нив. Ќе бидат вистински засилувања за нас“, вели Нухиу

објавено: 22 февруари 2018 - 14:15

Ардијан Нухиу е задоволен од квалитетот на двете последни засилувања што во зимскиот период пристигнаа на Чаир.

„Многу сум задоволен од нивниот квалитет и залагање на тренинзите. Нема да брзаме, сепак им треба извесно време за да се вклопат во нашиот систем на игра, но очекуваме многу од нив. Ќе бидат вистински засилувања за нас", вели Нухиу.

Типуриќ има 27 години и игра на позицијата стопер, додека Чан е 21-годишен играч за врска. И двајцата веројатно нема да бидат во комбинација за мечот во недела против Победа во Битола, но ќе се вклучат во составот на Шкупи за следните дуели од домашниот шампионат.

Најново во Фудбал