Стариот испробан модел

Од деца за деца во Елитната фаза во Полска - Училиштата ќе го полнат стадионот во Глогов и Легница за натпреварите на Македонија

Организаторите на турнирот од Елитната фаза за пласман на Европско првенство, Полјаците ќе спроведат добропознат модел и за натпреверите на младите селекции на Македонија, Полска, Република Ирска и Грузија за играчи до 17 години ги организираат училиштата во Глогов и Легница за да се наполнат трибините

објавено: 20 март 2018 - 11:56

Организаторите на турнирот од Елитната фаза за пласман на Европско првенство, Полјаците ќе спроведат добропознат модел и за натпреверите на младите селекции на Македонија, Полска, Република Ирска и Грузија за играчи до 17 години ги организираат училиштата во Глогов и Легница за да се наполнат трибините.

Македонија двапати ќе игра во Глогов на стадион што собира 15 илјади гледачи, на стартот против Република Ирска, утре од 17,30 часот и третиот меч со Грузија на 27.март од 16 часот. Вториот дуел на турнирот ќе го играме во Легница од 17,30 часот против домаќинот Полска.

Полјаците организираат десеттина училишта во овие две места и во околината за да е обидат да направат фудбалска атмосфера за себе и за гостите од Македонија, Република Ирска и Грузија.

На двете првопласирани селекции им е гарантиран настап на ЕП во Англија од 4. до 20. мај. Само најлошата второпласирана селекција од Елитната фаза во сите 8 групи нема да игра во Англија.

Најново во Фудбал