Имаше многу најави, но актерите пукаа со празни пушки

Од најава за спектакл до скромна претстава - Брегалница и Беласица ремизираа без голови

Брегалница и Беласица одиграа без голови во големото дерби на Истокот од Втората лига на Македонија и останаа во трката за влез во повисок ранг на натпревари

објавено: 17 март 2018 - 16:39

Брегалница и Беласица одиграа без голови во големото дерби на Истокот од Втората лига на Македонија и останаа во трката за влез во повисок ранг на натпревари.

Имаше најави за спектакл, но претставата во дербито беше скромна, па Беласица ја задржа предноста од 5 бодови во однос на штипјани.

Во дербито на Западот Влазерими ја победи Струга со 1:0 и со 31 бод се израмни со лидерот Гостивар, екипа која утре ќе гостува во Лабуништа. 

Најново во Фудбал