ЗАВРШИ ПАУЗАТА ЗА СКОПСКИТЕ ПРВОЛИГАШИ

Од утре и Шкупи, Вардар и Работнички во „погон"...

Чаирчани се собираат во 9 часот, Вардар точно на пладне а Работнички во 13 часот.

објавено: 7 јануари 2019 - 20:00

Заврши зимската пауза за три скопски прволигашки клубови. Тие утре означуваат старт на подготовките. Во Шкупи ќе се прозива во 9 часот рано наутро и потоа се патува за Дојран.

Во Вардар пак во 12 часот, во својата тренинг база стратегот Александар Васоски ќе ги собере своите фудбалери, додека во Градски парк тренерот на „романтичарите" Жикица Тасевски во 13 часот ја има закажано прозивката. Четвртиот скопски прволигаш, тимот на Македонија ЃП своите подготовки ќе ги стартува во среда на 9 јануари.

Интересно е тоа што сите четири клубови имаат намера дел од своите зимски подготовки да ги одработат во Анталија. Кога сме кај зимскиот преоден рок, за разлика од Работнички и Македонија ЃП, во редовите на Шкупи и Вардар премногу е мирно. Досега овие два клуба не се пофалија со ниту едно ново име во своите редови.

Најново во Фудбал