ПОТВРДЕНИ НАЈАВИТЕ НА „СПОРТМЕДИА"

ОФИЦИЈАЛНО: Стојан Стојчевски ново име во Работнички

Како што најави „Спортмедиа“, Стојан Стојчевски е ново име во редовите на тимот од „Градски парк“. 

објавено: 1 февруари 2019 - 11:10

Работнички ангажираше уште едно засилување во зимскиот преоден рок, како што најави „Спортмедиа“, одбранбениот фудбалер Стојан Стојчевски е ново име во таборот на „романтичарите“. Тој потпиша договор со Работнички до јуни 2020 година.

Стојчевски имаше разговори со Кршко, и со некои други клубови, но се чини дека понудата на Работнички беше најдобра за него. Стојан Стојчевски во својата кариера има играно за Вардар, Македонија ЃП, Тетекс, Силекс, А. Пандев.

Колку за потсетување досега Работнички се засили со Илијоски, Блажевски, Дулгеров, Петровиќ, Силјановски, Вијачки, Кабрал. Ново е и тоа што за Работнички во пролетниот дел нема да игра Бразилецот Барбоса. Тој не е во базата на „романтичарите", вечра ја напуштил.

Најново во Фудбал