Гостивар е лидер по победата во Кичево

Османи го погоди врвот

Гостивар го доби дербито против Влазерими во Кичево со 1:0 во првиот меч од пролетниот шампионат. Флорент Османи погоди во 75. минута од премиерниот дуел во Втората лига Запад, доволно за прво место на табелата

објавено: 5 март 2018 - 16:14

Гостивар го доби дербито против Влазерими во Кичево со 1:0 во првиот меч од пролетниот шампионат

Флорент Османи погоди во 75. минута од премиерниот дуел во Втората лига Запад, доволно за прво место на табелата.

Гостивар со 28 бода пак е лидер пред Влазерими кој остана на 25 бода. На третото место е Струга Трим Лум и ако го победи Тетекс ќе се пробие на втората позиција со 27 бодови.

Утре се играат уште три натпревари во Втората лига Запад. Македонија ЃП ќе му биде домаќин на Новаци, Зајази ќе игра со Еуромилк, а Лабуништа во Струга ќе и биде домаќин на Локомотива.

Најново во Фудбал