ПРЕД УТРЕШНИОТ ДУЕЛ СО ШЕРИФ, СТРАТЕГОТ НА ШКЕНДИЈА ПОРАЧА

Османи: Го респектираме Шериф, но не се плашиме, Шкендија ќе напаѓа како досега

Пред тетовските „црвено-црни" стои нов предизвик во Лигата на шампиони, тимот на Шериф, кој гостува утре (20:15 часот) на Арената „Филип втори".

објавено: 23 јули 2018 - 12:27

Шкендија е единствениот македонски клуб кој успеа да го преживее првото коло во европските квалификации. Пред тетовските „црвено-црни“ стои нов предизвик во Лигата на шампиони, тимот на Шериф, кој гостува утре (20:15 часот) на Арената „Филип втори“.

Поразот во реваншот со ТНС малку ги размрда фудбалерите на Шкендија, но како што вели стратегот Османи, подготвени се да направат уште еден голем чекор напред. 

„По пораз од ТНС ја загубивме самодовербата, па токму затоа овие денови работевме на тоа и мислам дека ќе бидеме добри на таа тема. Ја анализиравме играта на Шериф. Квалитетни се. Ги гледавме нивните последни пет натпревари, станува збор за екипа која знае да игра фудбал, но без разлика на тоа ќе сториме се за да ги поминеме. Филозофијата на Шкендија е да напаѓа, вака ќе биде и утре“, изјави на денешната прес-конференција, Ќатип Османи, стратегот на тетовските „црвено-црни“, кој додаде дека на местото на повредениот Радески ќе настапи ќе заигра Ремзифак Селмани.

Капитенот на Шкендија, Арменд Алими порача дека ќе сторат се да се вратат во препознатливиот голгетерски ритам. 

„Ќе мора брзо да ја вратиме нашата препознатлива игра. Знаеме кој е Шериф и каков напад има, но ако постигнеме први голе ќе бидеме во предност“.

 

 

 

Најново во Фудбал