ПРЕС НА ШКЕНДИЈА ВО ОСВЕСТРИ ПО ПОВОД УТРЕШНИОТ МЕЧ СО ТНС

Османи: Ќе има промени во стартниот состав...

„И покрај тие 5:0 од првиот меч не мислиме да го одиграме реваншот со намален ритам, туку ќе играме со висока концентрација. Можеби ќе има промени во стартниот состав во однос на првиот меч" изјави Ќатип Османи.

објавено: 16 јули 2018 - 22:35

Шкендија вечерва во Освестри одржа прес конференција по повод утрешниот реванш меч со ТНС во рамките од 1.квалификациски коло во ЛЕ. На пресот присуствуваа тренерот Ќатип Османи и капитенот Арменд Алими.

„И покрај тие 5:0 од првиот меч не мислиме да го одиграме реваншот со ТНС со намален ритам, туку ќе играме со висока концентрација и секако дека ќе одиме на победа. Ние како Шкендија имаме респект кон секој наш противник, па така и кон шампионот на Велс. Можеби на утрешниот дуел ќе има промени во стартниот состав во однос на првиот меч" изјави Османи.

АЛИМИ: И ТУКА ЌЕ ИМАМЕ ПОДДРШКА ОД НАШИТЕ НАВИВАЧИ

„Тука сме да ја играме нашата игра. Без разлика што имаме 5:0 од првиот меч ние мислиме само на позитивен резултат. Слушам дека и тука ќе ја имаме поддршката од нашите навивачи. Јас не паметам кога тоа кога сме играле во Европа сме ја немале таа потребна поддршка. Така беше и пред три години во Абердин, така беше секаде каде што сме гостувале, па макар таа бројка била мала. Сепак таа поддршка нам многу ни значи на овие европски натпревари" истакна капитенот Арменд Алими.

Инаку Шкендија на утрешниот меч со ТНС кој започнува во 20 часот, од трибините на Парк Хол стадионот ќе ја бодрат нејзини фанови, се најавува доаѓање на околу 30 лица кои живеат и работат во овој дел на Велика Британија.

Најново во Фудбал