Цврсто маршираат кон есенската титула

Османи: Минавме исклучително тешка пречка

Ќатип Османи црвсто го држи кормилото на Шкендија и под негова команда тетовци ја забележаа дванаесеттата победа во првенството за останување на врвот и големата бодовна разлика во однос на големиот ривал Вардар

објавено: 17 ноември 2017 - 12:28

Ќатип Османи црвсто го држи кормилото на Шкендија и под негова команда тетовци ја забележаа дванаесеттата победа во првенството за останување на врвот и големата бодовна разлика во однос на големиот ривал Вардар. Силекс падна во Кратово во доминантна игра на Шкендија.

„Освоивме три мошне важни бодови, кои ни даваат сигурност во продолжение на првенството. Што се однесува до  мечот мислам дека доминиравме во текот на сите деведесет минути. Можеби требаше да го решиме мечот уште во првиот дел, но и вака не е лошо. Им честитам на моите играчи за играта и за борбеноста", вели Османи.

Шкендија е се поблиску до есенската титула, бидејќи на 4 кола до паузата има 11 бодови предност пред Вардар, со два натпревари повеќе од шампионот.

Најново во Фудбал