НА ДЕНЕШНОТО ГОСТУВАЊЕ ВО ТУРНОВО

Османи на дербито ќе мора без Муслиу

Шкендија на дербито со Академија Пандев ќе биде ослабена со неиграњето, поради пет жолти картони, на Висар Муслиу. Право на настап нема и Ремзифак Селмани, затоа во комбинација ќе биде Самир Фазли.

објавено: 29 септември 2018 - 10:15

Денеска во Турново, со почеток од 15 часот, ќе се одигра дербито на 8.коло, во кое се среќаваат втората и третата екипа на табелата, Академија Пандев и Шкендија. И двете екипи во последното коло беа поразени на свој терен, од Ренова и од Победа.

Шкендија сака да се рехабилитира по поразот од прилепчани, нема дилеми дека првакот сака три бода на ова дерби. Но Академија Пандев по обичај е доста незгоден противник за пулените на стратегот Ќатип Османи. Инаку тој има проблеми и со играчкиот кадар. Имено не ќе може да смета на најдобриот дефанзивец во Лигата Висар Муслиу, кој е под суспензија поради пет жолти картони, исто не може да смета и на Ремзифаик Селмани. Од друга страна пак во комбинација ќе биде Самир Фазли и можно е денеска тој да го има дебито во дресот на шампионот.

Секако дека ќе биде интересно, да се потсетиме дека во минатата сезона на двата меча на кои Академија Пандев беше домаќин, резутатите беа 2:2 и 3:2 за „пандевци". И двата беа едни од најубавите во целата сезона во која Шкендија така надмоќно ја освои титулата.

Најново во Фудбал