Тренерот на Шкендија очекува тежок тест за лидерот

Османи: Шкупи сега е поинаков тим, нѐ чека тешко дерби во недела

Ќатип Османи ја води Шкендија со сигурен чекор кон втората титула во македонското првенство, а тетовци ќе бидат многу блиску до трофејот, ако ја минат следната пречка. Засилениот Шкупи ќе им биде домаќин во недела на „Борис Трајковски“ во населбата Маџари

објавено: 16 февруари 2018 - 14:10

Ќатип Османи ја води Шкендија со сигурен чекор кон втората титула во македонското првенство, а тетовци ќе бидат многу блиску до трофејот, ако ја минат следната пречка. Засилениот Шкупи ќе им биде домаќин во недела на „Борис Трајковски" во населбата Маџари.

„Шкупи сега е поинаква екипа, многу посилна од првиот дел од шампионатот. Ангажираа добри и искусни играчи зимово и ќе бидат тежок ривал за победување. Не очекува неизвесен меч, но ние ќе се обидеме да си ја играме нашата игра, што не доведе до врвот на табелата. Одиме на победа на секој меч“, вели Османи.

Популарниот Ќато беше тренер на Шкендија, кога „црвено-црните“ од Тетово ја освоија првата и единствена титула, во сезоната 2010/2011.

 

Најново во Фудбал